АТП финале Лондон

Ѓоковиќ го победи Зверев и закажа полуфинале против Тим

Новак Ѓоковиќ со 2-0 го победи Александер Зверев и како второпласиран од групата се пласира во полуфиналет на завршниот турнир во Лондон каде ќе игра против Доминик Тим. 

Исто како и Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ од второто место оди во полуфинале, тоа значи дека двајцата засега избегнаа меѓусебен дуел и ќе можат евентуално да се сретнат во финалето.
 
Денеска Ѓоковиќ го надигра Зверев кој одигра одличен меч, но српскиот тенисер беше подобар.
 
Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6-3, во вториот триумфираше во тајбрејк со 7-4.
 
Вечерва се игра уште мечот меѓу Медведев и Шварцман, но тој нема да промени ништо на табелата, Русинот останува прв.
 
Во полуфиналето ќе играат Ѓоковиќ против Тим, Надал против Медведев.
 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе