Србинот имаше посебна врска со Коби Брајант

Ѓоковиќ го победи Раониќ па со многу емоции зборуваше за Коби: Кога ми требаше совет, тој беше тука за мене...

Новак Ѓоковиќ го победи Милош Раониќ и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, а потоа со големи емоции зборуваше за Коби Брајант. 

Два дена пред смртта на Коби Брајант, Ѓоковиќ во емисија на Австралија Опен зборуваше за легендарниот кошаркар и како тој му помогнал кога му било најтешко во кариерата.
 
Ѓоковиќ пред и по мечот носеше тренерка со иницијалите на Коби Брајант и неговите броеви 8 и 24.
 
„Не знам што може да кажеме. Навистина не фати изненадно, Кби беше еден од најдобрите спортисти на сите времиња и ме инспирираше мене и многу други луѓе низ светот“, вели Ѓоковиќ.
 
„Ја имав таа среќа да го познавам лично во изминатите 10 години и кога ќе ми беше потребен совет тој беше тука за мене. Тој беше мој ментор, мој пријател и срцето ми се кине поради тоа што му се случи него и на неговата ќерка“.
Што се однесува до мечот, Раониќ беше импресивен во дуелите до четвртфиналето, но денеска беше немоќен против Новак Ѓоковиќ.
 
Српскиот тенисер ги доби првите два сета со по еден брејк 6-4 и 6-3, третиот го доби по тајбрејк во кој триумфираше со убедливи 7-1.
 
Во полуфиналето Новак Ѓоковиќ ќе игра против Роџер Федерер кој се жалеше на повреда против Сандгрен но успеа да дојде до победа откако спаси седум меч топки.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе