Мечот во двојки ќе го решава победникот

Ѓоковиќ го победи Надал и донесе израмнување за Србија против Шпанија

Новак Ѓоковиќ покажа дека е доминантен против Рафаел Надал кога се игра на тврда подлога, тој уште еднаш го совлада неговиот ривал со 2-0 во сетови. 

Ѓоковиќ ја забележа 29. победа против Надал и донесе израмнување на Србија против Шпанија, мечот во двојки ќе го одлучи конечниот победник.
 
Во првиот сет Рафа загуби два свои сервиси, Ѓоковиќ лесно со 6-2 поведе со 1-0 во сетови.
 
Шпанскиот тениски ас беше многу подобар во вториот сет, во еден гејм имаше дури пет брејк топки но не искористи ниту една. Тајбрејкот решаваше и тој го доби Ѓоковиќ 7-6 (5).
 
Претходно Роберто Баутиста Агур го победи Лајовиќ со 7-5 и 6-1.
 
Натпреварот во двојки ќе го реши победникот меѓу Шпанија и Србија и тука се очекува дуел меѓу Ѓоковиќ и Надал. Со Ѓоковиќ би требало да игра Троицки, а партнер на Надал да биде Пабло Карено Буста.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе