Вимблдон

Ѓоковиќ го победи Кирјос и по седми пат го освои Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го освои својот 21. грен-слем турнир со што го помина Роџер Федерер на вечната листа, во денешното финале Србинот го совлада Ник Кирјос со 3-1 (4-6, 6-3, 6-4, 7-6) и по седми пат триумфираше на Вимблдон. 

Новак Ѓоковиќ слави нова грен-слем титула, српскиот тенисер беше подобар од контроверзниот Ник Кирјос кој одигра одличен меч, но сепак не беше доволно добар за да направи изненадување.
 
Кирјос почна одлично, го доби првиот сет со 6-4, но потоа следуваше пресврт, наредните два ги доби Ѓоковиќ со 6-3 и 6-4 и поведе со 2-1.
 
Четвртиот сет беше најизрамнет, двајцата си ги добија своите сервиси, па сетот се решавеше во тајбрејк кој го доби Ѓоковиќ со 7-3 и го доби мечот со 3-1 во сетови. Тоа за него беше седми освоен Вимблдон.
 
За Новак Ѓоковиќ ова беше 21. грен-слем титула со која го помина Роџер Федерер кој има 20, најдобар во оваа статистика е Рафаел Надал со 22 титули.
 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе