Ѓоковиќ го одложи вториот тест за коронавирус, позната е и неговата состојба

Новак Ѓоковиќ го помести датумот за вториот тест за коронавирус, повторно ќе се тестира кога ќе поминат 14 дена од самоизолацијата. 

Новак Ѓоковиќ минатиот вторник објави дека тој и сопругата Јелена се позитивни на коронавирус и дека за пет дена ќе направи нов тест.
 
„Се надевам дека нема да се искомплицира било чија здравствена состојба и дека сите ќе бидат добро. Јас ќе останам во самоизолација во наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за пет дена“, изјави тогаш Ѓоковиќ.
 
Иако првичниот план му беше да се тестира во неделата која измина, сепак тоа нема да се случи. „РТС“ информира дека Ѓоковиќ го одложил тестирањето за по истекот на 14 дена самоизолација што е и редовна процедура за позитивните случаи на коронавирус. Новиот тест треба да се случи на 7 јули.
 
Според „Блиц“, Новак и неговата сопруга се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми на болеста.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе