Вимблдон

Ѓоковиќ го демолираше Гофан, Србинот по 9-ти пат ќе игра полуфинале на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ лесно се справи со Давид Гофан, го демолираше со 3-0 во сетови и за помалку од два часа се пласираше помеѓу четворицата најдобри на „Ол ингланд" клубот.

Познат е првиот полуфиналист на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се пласираше помеѓу четворицата најдобри откако поладнево со 3-0 во сетови го демолираше Давид Гофан.

Почетокот на мечот навестуваше неизвесност, Белгиецот имаше предност од 4-3 и на свој сервис водеше со 30-0. Но потоа популарниот Ноле ја покажа својата класа, направи брејк за 4-4, ги освои и следните два гема и го доби првиот сет со 6-4.

Давид Гофан како да се распадна во продолжението од натпреварот, па Србинот доминираше на теренот и го доби вториот сет со 6-0.

Третиот сет беше само рутина, актуелниот шампион не му дозволи на противникот да се врати во игра и го доби со 6-2 за победа по еден час и 56 минути игра.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе