АТП МОНТЕ КАРЛО

Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Монте Карло, Гофан ја забележа првата победа над Србинот

Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерсот во Монте Карло, Србинот попладнево загуби со 2-1 во четвртфиналето против Давид Гофан од Белгија

Проблематичната сезона на Новак Ѓоковиќ продолжува, рекетот број 2 загуби во четвртфиналето во Монте Карло.

Попладнево, Давид Гофан ја забележа првата победа над Србинот и приреди нова сензација на мастерсот во малото кнежество.

Гофан одлично го започна првиот сет, направи два брејка и го доби со 6-2.

Новак Ѓоковиќ потоа го подигна нивото на игра и го реши вториот сет во своја корист со 3-6.

Во последниот сет, имаше голема борба во која Ѓоковиќ спаси четири меч топки на противникот, но на крајот Гофан стигна до 7-5 за прв трумф во дуелите со Србинот.

Давид Гофан во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Рафаел Надал и Диего Шварцман.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Алберт Рамос Вињолас и Лука Пуј.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе