Ролан Гарос

Ѓоковиќ елиминиран, Тим ќе игра против Надал во големото финале на Ролан Гарос

Рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ загуби меч со пет сетови од Доминик Тим и не успеа да се пласира во финалето на грен слем турнирот Ролан Гарос.

Ѓоковиќ и Тим одиграа фантастичен меч со пет сетови кој траеше повеќе од четири часа а на крајот се радуваше Австриецот.
 
Доминик Тим лесно го зема првиот сет, со два брејка дојде до 6-2, во вториот возврати Ноле добивајќи го со 6-3 и изедначи на 1-1.
 
Но, Тим брзо го врати водството во сетови откако го доби третиот со 7-5, со истиот резултат Новак изедначи на 2-2 и се премина кон трет решавачки сет.
 
Во последниот сет имаше дури пет пати брејк, при водство на Тим од 5-4 во гејмови, Ѓоковиќ успеа да спаси две меч топки на противникот и да го добие тој гејм. Но кога на Доминик му се укажа и третата меч топка не погреши. Го доби решавачкиот сет со 7-5 и се израдува на голема победа и пласман во финалето на Ролан Гарос.
 
Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Надал кој лесно го совлада Федерер со 3-0 во сетови.
 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе