Ѓоковиќ донираше 50.000 евра за болница во Нови Пазар

Српската тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ уплати донација за болницата во Нови Пазар, град кој е ново жариште на коронавирус во неговата земја. 

Новак Ѓоковиќ е во центарот на вниманието во светската јавност по неславно завршениот турнир „Адрија Тур“ на кој се заразија неколку тенисери.
 
Тој е позитивен на коронавирус и во моментов е во самоизолација, но тоа не го спречи во своите хумани постапки. Српските медиуми јавуваат дека Ѓоковиќ донирал 50.000 евра на болница во Нови Пазар.
 
Пред неколку месеци Ѓоковиќ имаше и милионски донации за Србија, Италија и Шпанија.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе