АТП Монте Карло

Ѓоковиќ добро се помачи против Колшрајбер за 850-та победа во кариерата!

Новак Ѓоковиќ добро се помачи на првиот меч на земја оваа сезона, Србинот со 2-1 во сетови го победи Филип Колшрајбер во второто коло во Монте Карло.

Популарниот Ноле ја отвори сезоната на земја со триумф. Рекетот број 1 добро се помачи против Филип Колшрајбер и победи со 2-1 во сетови (6-3,4-6,6-4) по 2 часа и 36 минути игра во второто коло во Монте Карло. 

За Србинот ова беше 850-та победа во кариерата. Следен противник во осминафиналето ќе му биде подобриот од пресметката помеѓу Тејлор Фриц и Диего Шварцман.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе