Австралија Опен

Ѓоковиќ добро се испоти за да го помине Тиафо (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ со 3-1 (6-3, 6-7, 7-6, 6-3) во сетови го помина Френсис Тиафо и се пласираше во следното коло на Австралија опен, српскиот тенисер денеска немаше лесна задача. 

Тиафо му пружи силен отпор на рекетот број еден, Новак Ѓоковиќ требаше да го даде максимумот за да победи.
 
Првиот сет Ѓоковиќ го доби релативно лесно, со 6-3, но во вториот загуби во тај-брејк, Тиафо изедначи на 1-1.
 
Тај-брејк се играше и во третиот сет, овој пат Ѓоковиќ беше поуспешен и го врати водството во сетови. Во четвртиот сет Ноле беше подобар со 6-3 и го доби мечот со 3-1.
 
Дуелот траеше повеќе од три и пол часа.
 
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од американскиот дуел меѓу Опелка и Фриц.
 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе