Ролан Гарос

Ѓоковиќ без загубен сет помеѓу четирите најдобри, Тим ќе му стои на патот до финале во Париз

Новак Ѓоковиќ лесно се справи со Александар Зверев, го совлада со 3-0 во сетови и закажа полуфинале со Доминик Тим, кој исто така со 3-0 беше подобар од Карен Хачанов.

Позната е вториот полуфинален пар на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ ќе игра против Доминик Тим.

Србинот без загубен сет стигна до полуфинале откако денеска лесно се справи и со Александер Зверев. Популарниот Ноле со 3-0 во сетови (7-5, 6-2, 6-2) го преслуша талентираниот Германец.

Слично беше и на пресметката помеѓу Доминик Тим и Карен Хачанов. Австриецот кој игра одлично на земја, со 3-0 (6-2, 6-4, 6-4) го збриша противникот и се најде помеѓу четворицата најдобри во Париз четврта година по ред.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе