петок, 10 мај 2024

„Пашинјан мора да замине“: илјадници демонстранти во Ереван бараат оставка на премиерот (ВИДЕО)

Илјадници демонстранти протестираа денес во центарот на ерменската престолнина Ереван, втор ден по ред, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан поради одлуката на владата да ја препушти контролата на некои погранични села на Азербејџан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Протестите во Ереван завршиле без инциденти, но високиот свештеник на Ерменската апостолска црква кој ги предводи протестите вети дека тие ќе продолжат, повикувајќи ги присутните на мирна непослушност, пренесува Асошиејтед прес.

Ерменија во април соопшти дека ќе ја отстапи контролата над некои погранични области на Азербејџан.

Одлуката следи по брзата воена акција во септември во која азербејџанската војска ги примора властите на етничките Ерменци во регионот Нагорно Карабах да капитулираат.

Откако Азербејџан презема целосна контрола над Нагорно Карабах, околу 120.000 луѓе избегаа од регионот, што е речиси целосното етничко ерменско население.

Пашинјан кажа дека Ерменија мора брзо да ја дефинира границата со Азербејџан за да избегне нова рунда непријателства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ