Индијан Велс

Ѓоковиќ без проблеми против Фратанџело, Колшрајбер го изненади Киријос

Новак Ѓоковиќ со очекуван триумф го започна настапот на турнирот во Индијан Велс откако со 2-0 во сетови го совлада Бјорн Фратанџело. 

Србинот се испоти во првиот сет, Фратанџело се бореше рамноправно, Ѓоковиќ го доби сетот дури по тајбрејк, 7-6. Во вториот беше сосема поинаку, Ноле го доби со 6-2 и дојде до триумфот.
 
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Колшрајбер кој изненади со триумф над Ник Киријос.
 
Киријос претходно го освои турнирот Акапулко па беше сериозен фаворит во овој меч, но Германецот победи релативно лесно со 6-4 и 6-4.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе