Австралија Опен

Ѓоковиќ без мака до третото коло на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ лесно со 3-0 во сетови го совлада Јапонецот Тацума Ито и се пласираше во третото коло од Австралија Опен. 

Ѓоковиќ без проблем ја помина и втората пречка на Австралија Опен, со 6-1, 6-4 и 6-2 го победи јапонскиот тенисер Ито и обезбеди пласман понатаму.
 
Новак помина еден Јапонец, а во следното коло има друг противник од Јапонија, ќе се сретне со Нишиока кој со 3-0 го совлада Еванс.
 
Григор Димитров доживеа елиминација од турнирот откако по голема борба со 3-2 во сетови загуби од Томи Пол од САД. Дури во три сета имаше тајбрејк вклучувајќи го и последниот решавачки.
 
Осмиот носител Беретини исто така по пет сета е поразен од Сандгрен.
 
Чилиќ со 3-2 во сетови го победи Пер, Циципас без борба го доби мечот со Колшрајбер кој се откажа поради повреда.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе