Македонија има нов херој

Георгиевски со сребро се враќа од Токио, најголем успех во македонската олимписка историја!

Дејан Георгиевски го направи најголемиот успех во олимписката историја на самостојна Македонија, не победи во финалето против Русинот, Владислав Ларин, но стана првиот македонски спортист кој освоил олимписко сребро на една Олимпијада.

Македонија денеска го слави Дејан Георгиевски, Македонецот освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио во таеквондо.

Во финалето за противник го имаше супериорниот Русин, Владислав Ларин кој е најдобар таеквондист во моментов. Георгиевски пружи сериозен отпор, но не успеа да направи сензација и да дојде до златото.

Во првата рунда Русинот дојде до предност од 2-0, втората рунда беше изедначена и најинтересна, двајцата борци освоија по седум поени.

Во последната, решавачка рунда Георгиевски влезе со два поени негатива, проба да ја анулира, но Русинот ја покажа својата класа, ги доби тие две минути со 6-2 и со вкупни 15-9 го доби финалето.

Пораз кој не боли многу, Дејан Георгиевски го освои среброто и се запиша во македонската олимписка историја.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе