Олимписки игри

Георгиевски го победи светскиот шампион и се пласираше во четвртфинале

Најдобриот македонски таеквондист имаше фантастичен прв настап во Токио, го помина актуелниот светски шампион Алба Кастиљо и се пласираше во следната рунда.

Георгиевски кој е еден од двајцата македонски олимпијци кои обезбедија норма, атакува на медал на Олимпијадата во категоријата над 80 килограми. На стартот направи крупен чекор кон остварување на целта.

Со резултат од 11-8 го победи Кубанецот, Алба Кастиљо кој е актуелен светски шампиион во овој спорт.

Героргиевски првата рунда ја доби убедливо со 5-1, втората со 5-2. Во последната решавачка влезе со предност од 10-3. Кубанецот се обиде да се врати, го намали резултатот, но Георгиевски успеа да го задржи големото водство и на крајот да слави со 11-8.

Во четвртфиналето Георгиевски ќе се бори со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе