Формула 1

Генијална тактика и перфектна трка на Верстапен за победа во Силверстоун!

Макс Верстапен успеа да го изненади Мерцедес на втората трка во Силверстоун, Холанѓанецот со генијална тактика и перфектна трка стигна до победа на ГН на Британија.

Мерцедес пред само седум дена доминираше во Силверстоун, но попладнево, „сребрената стрела“ беше изненадена. Ред Бул имаше генијална тактика, Макс Верстапен извозе перфектно и на крајот мина прв низ целта.

Холанѓанецот беше единствениот кој стартуваше со тврда компонента на пневматици, одлично ги менаџираше своите гуми, па кога влезе во бокс, се најде зад Валтери Ботас и веднаш го претекна за прво место. 

Мерцедес никако не успеваше да го следи темпото на Макс Верстапен, па на Валтери Ботас и Луис Хамилтон им остана да се борат за втората позиција. Во последните кругови, Британецот со свежи гуми лесно го претекна својот тимски колега и финишираше како втор, додека пак Финецот мораше да се задоволи со трета позиција. 

Најдобар од остатокот беше Шарл Леклер, а потоа следуваа Алекс Албон, Ленс Строл, Нико Хулкенберг, Естебан Окон, Ландо Норис и Дани Квјат.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе