Хамилтон побрз од Ботас, ривалите заостануваат многу

Формула 1 се врати со доминација на Мерцедес и формална жалба на Ред Бул за креативниот ДАС систем

Мерцедес доминираше на првиот и вториот слободен тренинг во Австрија, Луис Хамилтон беше побрз од тимскиот колега Валтери Ботас, денот го одбележа и формалната желба на Ред Бул за креативниот ДАС систем.

Овој викенд започнува сезоната во Формула 1 со првата од двете трки во Австрија. Мерцедес има нова боја, „сребрената стрела“ стана црна како поддршка во битката со расизмот. 

Но ова е единствената промена од зимските тестирања, на патеката, Луис Хамилтон и Валтери Ботас продолжија со доминацијата. Актуелниот шампион беше најбрз и на првиот и на вториот слободен тренинг, Финецот покажа дека може да му парира, но ривалите заостануваат многу. 

И покрај тоа што Ферари и Ред Бул не го покажуваат целиот потенцијал, овој викенд тешко дека ќе можат да му парираат на Мерцедес. 

Себастијан Фетел денот го заврши со четврто најдобро време, Макс Верстапен беше осми а Шарл Леклер девети. 

Првиот ден го одбележа и формалната жалба на Ред Бул за креативниот ДАС систем на Мерцедес, кој им овозможува на Луис Хамилтон и Валтери Ботас да го мрдаат воланот нанапред и наназад. 

Шампионот го користеше системот и на тестирањата, велеа дека бил легален па ФИА сега ќе треба да пресече, одлуката се очекува да биде донесена пред утрешниот трет слободен тренинг.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе