Откриени детали од новиот календар

Формула 1 лудило со 8 трки во 10 недели, забавата почнува на 5. јули

Новата сезона во Формула 1 треба да стартува на 5. јули, фановите ќе имаат прилика да уживаат во 8 трки во период од 10 недели, а наскоро треба да бидат потврдени уште неколку ГП викенди.

Откако изминативе месеци добивавме информации за тоа која трка е откажана или одложена, Формула 1 денеска го откри планот за новата сезона. По долго чекање, љубителите на мотоспортот ќе можат да уживаат во лудило со 8 трки во 10 недели, забавата почнува на 5. јули во Австрија.

Седум дена подоцна, „Ред Бул Ринг“ ќе биде домаќин на втора трка, а возбудувањата ќе продолжат на 19. јули со ГН на Унгарија.

На почетокот од август, Силверстон ќе биде домаќин на две едно по друго трки, Барселона ќе организира трка на 16. август, а две недели подоцна на програмата ќе биде ГН на Белгија на легендарната Спа.

До овој момент е потврдена само уште домашната трка на Ферари, односно ГН на Италија на Монца на 6. септември.

Сепак, првите луѓе на Ф1 најавуваат дека во следниот период можат да бидат потврдени уште дестина ГП викенди, односно сезоната да брои помеѓу 15 и 18 трки и да заврши во декември.

Осумте трки кои веќе се потврдени ќе се одржат зад затворени врати, без присуство на публика и под строги протоколи.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе