Формула 1

Формула 1 ја откажа трката за ГН на Австралија поради коронавирусот

Овој викенд требаше да почне новата сезона во Формула 1, но тоа нема да се случи, трката е откажана поради коронавирусот. 

Сезоната во Формула 1 нема да почне според предвиденото, трката за Големата награда на Австралија е откажана.
 
На одлуката за откажување на трката претходеше повлекувањето на Мекларен кој има заразен член од коронавирус во нивниот тим. Цел Мекларен оди во карантин, па тие го откажаа учеството.
 
„По потврдата дека член на Мекларен Рејсинг Тим е тестиран позитивно на КОВИД-19 и нивната одлука да се повлечат од ГН на Австралија, Формула 1 и ФИА свикаа состанок на останатите девет учесници. Најголемиот број од учесниците на состанокот сметаа дека трката не треба да се одржи“.
 
„Формула 1 и ФИА, со комплетна поддршка на Австралија Гранд При Корпорација донесоа одлука сите Формула 1 активности на трката за ГН на Австралија да се откажат“, стои во соопштението на Формула 1.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе