АТП Монте Карло

Фоњини се радува на првата Мастерс титула и парична награда од речиси милион евра!

Фабио Фоњини стигна до својата прва Мастерс 1000 титула откако попладнево го совлада Душан Лајовиќ во финалето во Монте Карло со 2-0 во сетови.

Каква недела за Фабио Фоњини, 31 годишниот тенисер приреди големо изненадување и на Рафаел Надал му го нанесе првиот пораз по четири години во Монте Карло, за денеска да се радува на својата прва Мастерс 1000 титула.

Тој попладнево беше подобар во финалето од Душан Лајовиќ, за еден час и 38 минути го совлада со 2-0 во сетови (6-3,6-4), и стана првиот Италијанец кој славел во Монте Карло по повеќе од 50 години.

За големиот успех, Фабио Фоњини доби и убава парична награда од речсии еден милион евра.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе