Инцидент на „Ол ингланд“ клубот

Фоњини полуде: Проклети Англичани, да ви експлодира бомба на Вимблдон (ВИДЕО)

Фабио Фоњини ги загуби нервите на дуелот со Тенис Сандгрен во 3. коло на Вимблдон, Италијанецот посака да експлодира бомба на терените на „Ол ингланд" клубот.

Жешко беше на дуелот помеѓу Фабио Фоњини и Тенис Сандгрен, меч кој Американецот лесно го доби со 3-0. Во вториот сет, Италијанецот имаше голем испад и ги загуби нервите. 

„Зарем е фер да се игра тука? Проклети Англичани. Сакам да ви експлодира бомба во клубов. Бомба треба да експлодира тука“ - викаше бесниот Фабио Фоњини. 

Се верува дека ваквата реакција, за која сигурно ќе добие казна, е поради тоа што организаторите го преместиле мечот на теренот број 14. 

Италијанецот потоа доби и лекарска помош, откако во нервоза го удри рекетот и заработи повреда на раката.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе