АТП Монте Карло

Фоњини го изненади Надал за прво Мастерс 1000 финале!

Фабио Фоњини приреди изненадуање во Монте Карло и го совлада Рафаел Надал со 2-0 во сетови, Италијанецот се избори за прво Мастерс 1000 финале каде противник ќе му биде Душан Лајовиќ, за кого исто така ова ќе биде прв ваков меч.

Прекината е низата на Рафаел Надал во Монте Карло, Шпанецот имаше 18 победи во малото кнежевство но попладнево загуби во пресметката со Фабио Фоњини.

Рафа немаше свој ден а Италијанецот знаеше како да го искористи тоа. Мечот почна со голема битка, двајцата тенисери загубија по два гејма на свој сервис.

При резултат 3-4 за Надал, Фоњини му зададе удар на противникот, сврза три гејма во своја корист и го доби првиот сет со 6-4.

Шпанецот во продолжението од дуелот никако не влегуваше во ритам, па Фоњини поведе со 5-0 во вториот сет. Рафа покажа дел од својот репертоар во финишот, но веќе беше доцна, Фоњини со сигурен сервис стигна до 6-2 и голема победа.

За Италијанецот ова е прво Мастерс 1000 финале каде ќе се сретне со Србинот Душан Лајовиќ, за кого исто така ова ќе биде прв ваков меч.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе