Бокс

Фјури за Руиз: Толку ќе го тепам што ќе му го смачкам дебелиот стомак и ќе плука колачи цел месец

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури се надева дека наскоро ќе има борба со Енди Руиз за да му ги одземе титулите.

Енди Руиз направи големо изненадување откако го победи Џошуа. Тој има нетипичен изглед за боксер, дебел е, сам си призна дека сака да јаде брза храна.
 
По мечот со Џошуа се обидува да се стави во ред и да ја намали дебелината, но Фјури сега го нападна токму за неговата тежина.
 
„Овој мал дебелко може да дојде и да изеде ќотек. Енди Руиз, ако сакаш да те претепам, повели, не ми е страв од тебе, дебел! Толку ќе го тепам, што ќе му го смачкам стомакот и ќе плука колачи цел месец“, изјави Фјури.
 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе