НПФ испрати писмо до останатите спортски федерации

Филипчев пред изборното собрание на МОК: Ние сме единствената легална пливачка федерација, таа на Маленко не постои (ФОТО)

Претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев во пресрет на изборното собрание на МОК, испрати објаснување до сите спортски федерации, поради лажното претставување на Александар Маленко и пливачката федерација на Северна Македонија, која никаде не постои во институциите на државата. 

Иако Националната пливачка федерација на која претседател е Александар Филипчев ги има сите легални документи кои ги издаваат државните институции, Александар Маленко со непостоечката Пливачка федерација на Северна Македонија се уште се обидува да влијае во некои текови на македонскиот спорт. Тие се уште се признаени од Македонскиот олимписки комитет каде треба да се случи изборно собрание.
 
Во пресрет на собранието на МОК, претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев до останатите спортски федерации ги испрати сите документи со кои потврдува дека тие се федерацијата која го раководи пливањето во Македонија, а не онаа на Маленко.
 
„Во пресрет на одржувањето на Годинешното собрание на МОК, Ве известуваме дека на ден 24 април 2019 година, на барање на пливачките клубови, одржано е вонредно собрание на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) со ЕМБС 5134846 и ЕДБ 4030996160921 и решение за дејност спорт број 08-1755/2 од 05.06.2003 на кое се донесени следните одлуки:
1. Променето е името на Пливачката федерација на Македонија во Национална пливачка федерација Скопје (НПФ Скопје)
2. Променет е Статутот на федерацијата 
3. Променет е печатот
4. Разрешен е досегашниот претседател Александар Маленко и досегашното раководство на Пливачката федерација на Македонија и е избран нов претседател, членови на Управен одбор, членови на надзорен одбор
 
За претседател на Националната пливачка федерација Скопје е избран М-р Александар Филипчев, за генерален секретар Стефан Пујлејковски, а за технички секретар Боро Блажевски.
 
Националната пливачка федерација (НПФ) е континуитет на Пливачката федерација на Македонија која постои преку 60 години и како таква е единствена федерација за спортови на вода на територијата на Република Северна Македонија и како таква ги наследи сите права и успеси на претходната федерација како и сите долгови и побарувања.
 
Националната пливачка федерација (НПФ) е уредно запишана во Централниот регисер на РСМ, согласно позитивните законски прописи и до ден денес со успех ја спроведува Годишната програма“, стои во соопштението на претседателот Александар Филипчев кој во прилог и испраќа и документите кои се доказ за легалноста.
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе