На прес конференција

Филипчев најави тужби ако не биде дозволено Националната пливачка федерација да гласа на Изборното собрание на МОК

Претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев најави дека доколку не биде дозволено тие да гласаат на Изборното собрание на МОК ќе бидат поднесени кривични пријави против актуелниот претседател Васил Тупурковски и дел од неговите соработници. 

Утре треба да се одржи Изборното собрание на Македонскиот олимписки комитет на кое Даниел Димевски и Александра Војнеска - Зикова ќе се борат за претседателското место кое досега го имаше Васил Тупурковски.
 
Националната пливачка федерација иако ги има сите документи од државните институции дека тие се легалните управувачи на пливањето во Македонија и тие ги организираат првенствата, МОК ја признава федерацијата на Александар Маленко која не само што нема поддршка од клубовите, туку и не постои во Централниот регистар на Македонија.
 
Претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев на денешна прес конференција се закани со тужби доколку не им биде дозволено утре раноправно со останатите федерации да гласаат на Изборното собрание.
 
„Доколку на претстојното Изборно собрание од страна на Олимписки Комитет на Северна Македонија не  биде дозволено учество на претставник на Националната Пливачака Федерација, туку наместо нас се дозволи учество на таканаречената и правно непостоечка  и измислена „Пливачка федерација на Северна Македонија“ (со самонаречен претседател Александар Маленко) кој е нерегистриран субјект во Централниот регистар на Република Северна Македонија, тогаш ќе поднесеме кривични пријави против: Претседателот на МОК Васил Тупурковски,  Генералниот секретар на ОКСМ Сашо Поповски, членовите на верификационата Комисија на изборното собрание на ОКСМ , записничарот   и оверувачите на записникот од собранието на ОКСМ закажано да се одржи за 28.10.2020 година кои ќе ги сметаме лично одговорни затоа што ја злоупотребиле службената положба и овластување што дозволиле учество во работата на Собранието на ОКСМ иако претходно писмено и со приложени дикументи од Централниот регистар се известени од нас  дека Пливачка Федерација на Северна Македонија со претседател Александар Маленко не е регистрирана во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, дека не постои и дека е измама“, вели претседателот на НПФ, Алексаднар Филипчев.
 
„На минатото собрание на Олимписки Комитет на Северна Македонија што се одржа на 21.12.2019 година  раководството  дозволи учество на федерација што нигде не посоти во институциите на  државата за што ние против членовите на верифакациона комсија , притив оверувачите на записникот и против лажно претаставнеиот делегат на непостоеечката федерација кој со цвојот потпис го потврдил учетсвото на тоа собрание Владимир Пејковски веке испртивме кривични пријави“.
 
„За измамата и злоупотребата што ја прави лицето Александар Маленко кое на старото име на Пливачка федерација на Мекедонија (која е преименувана во Национлна пливачка федерација) го додава зборот СЕВЕРНА и врши манипулации, од наша страна веќе му е поднесена кривична пријава, а постапката е во тек“.
 
„Доколку во работата на Изборното собрание од страна  на ОКСМ биде дозволено учество на правно непостоечки субјект таканаречена – „Пливачка Федерација на Северна Македонија“  со самонаречен претседател тоа ќе претставува измама во работата на претстојното собрание на ОКСМ и избор на новиот претседател на ОКСМ , за која ќе го известиме и Интернационалниот Олимписки Комитет и Јавното Обвинителство Република Северна Македонија“.

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе