Контроверзни случувања на патеката „Жил Вилнев“

Фетел мина прв низ целта но Хамилтон е победник во Канада!

Себастијан Фетел практично водеше од прв до последен круг на ГН на Канада, но Луис Хамилтон е победник откако возачот на Ферари доби казна од пет секудни.

Стјуардите му ја „украдоа“ победата на Себастијан Фетел во Монтреал. Германецот практично водеше цела трка, не беше лидер само неколку кругови додека водечките болиди ги менуваа пневматиците, мина и прв низ целта но на неговото време се додава казна од пет секунди, па на највисокото место на пиедесталот се качи Луис Хамилтон.

Причина за ова е еден инцидент од 48 круг кога Себастијан Фетел загуби контрола во шиканата и кога се врати на патеката за малку ќе дојдеше до судар помеѓу него и Луис Хамилтон.

Британецот веднаш се пожали дека потегот на Германецот бил небезбеден, стујардите го имаа истото мислење па го казнија возачот на Ферари со пет секунди, кои на крајот значеа второ место за Себастијан Фетел и победа за Луис Хамилтон.

Последното место на пиедесталот беше резервирано за Шарл Леклер, а во бодови уште завршија Валтери Ботас, Макс Верстапен, Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг, Пјер Гасли, Ленс Строл и Дани Квјат.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе