Формула 1

Фетел конечно се радува на прва пол позиција оваа година, Германецот постави нов рекорд во Канада!

Себастијан Фетел конечно ќе стартува од пол оваа сезона, Германецот денеска беше најбрз во квалификациите за ГН на Канада со нов рекорд на патеката „Жил Вилнев".

Конфигурацијата на патеката во Монтреал одговара на болидот на Ферари кој има помоќен мотор од оној на Мерцедес и се очекуваше тимот од Маранело конечно да ја прекине доминацијата на „сребрената стреала“.

На последниот слободен тренинг доминираа Фетел и Леклер, но Луис Хамилтон во квалификациите покажа дека нема лесно да се откаже и ќе пружи жестока битка.

Токму Британецот беше на провизорна пол-позиција со постигнување од 1:10.493. Актуелниот шампион дури успеа и за нијанса да биде подобар во својот втор брз круг со време од 1:10.446.

Сепак, последниот збор го имаше Себастијан Фетел, кој забележа круг од 1:10.240 за пол и нов рекорд на патеката „Жил Вилнев“.

Како трет утре ќе стартува Шарл Леклер, кој беше далеку побавен од својот тимски колега, а на позицијата број 4 се најде Даниел Рикиардо. Потоа следуваат Пјер Гасли, Валтери Ботас, Нико Хулкенберг, Ландо Норис, Карлос Саинц и Кевин Магнусен.

Макс Верстапен имаше мал баксуз и ќе стартува како 11-ти откако не успеа да постигне брз круг поради сударот кој го имаше Кевин Магнусен, кој на крајот од вториот дел од квалификациите удри во „ѕидот на шампионите“ и го уништи својот болид.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе