Почнаа тестирањата во Формула 1

Фетел и Ферари веднаш покажаа моќ, Кими заврши во песокот по само неколку минути (ФОТО)

Утрово во Барселона започна првиот тест во Формула 1, Себастијан Фетел и Ферари имаа летечки старт и време кое е за 1,7 секунди побрзо од следниот ривал.

Откако минатата недела беа презентирани болидите, денеска во Барселона започна првиот тест. Патеката во Монтмело ќе даде прва слика за тоа што сработиле тимовите изминативе месеци, но секако резултатите треба да се земат со доза на резерва бидејќи секогаш има тактизирање.

Никој не ги открива вистинските адути на тестирањата, но Себастијан Фетел и Ферари се чини дека веднаш покажаа моќ. Германецот утрово извозе 72 круга и постави време од 1:18.161 што е за 1,7 секунди побрзо од следниот ривал, Серхио Перез и Рејсинг Поинт. Мексиканецот беше единствениот друг возач со време под 1:20 (1:19.944).

Пред крајот на утринската сесија. Валтери Ботас скокна во топ три со време од 1:20.127. Финецот зад болидот на Мерцедес оствари и солидна километража и извозе 69 кругови.

Кими Раиконен ја започна авантурата со Алфа Ромео (поранешен Заубер) со излетување. Само неколку минути по стартот на сесијата, популарниот „Ајсмен“ загуби контрола и заврши по песокот. За среќа болидот не беше оштетен па тој набрзо се врати на патеката и постави четврто најдобро време утрово (1:20.160)

За разлика од промоцијата, Ред Бул денеска на патеката излезе со боите на болид со кои ќе се трка во 2019. Макс Верстапен беше солиден, на патеката помина 52 круга и постави најбрзо време од 1:20.174. Охрабрувачко за новото партнерство на Ред Бул и Хонда е тоа што Холанѓанецот имаше најголема брзина на правецот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе