Германецот го напушта тимот од Маранело по крајот на сезоната

Ферари се раздели со Фетел: Парите не се проблем, едноставно нема хармонија

Ферари и Себастијан Фетел не пронајдоа согласност за продолжување на соработката, утрово пристигна официјална потврда дека Германецот го напушта тимот од Маранело.

Себастијан Фетел ќе му каже збогум на Ферари по крајот на сезоната. Двете страни подолго време беа во преговори за продолжување на соработката, но не успеаја да најдат заеднички јазик.

Шпекулациите за разделба почнаа да кружат доцна синоќа, а официјална потврда стигна утрово.

Се говореше дека главна пречка во преговорите бил финансискиот пакет, односно драстично намалување на платата од сегашните преку 30 милиони евра, на 9-12 милиони евра годишно, колку што зема вториот возач Шарл Леклер.

Себастијан Фетел сепак вели дека парите не биле проблем, едноставно немало хармонија.

„За да се остварат најдобри резултати, важно е двете страни да работат во перфектна хармонија. Тимот и јас дојдовме до заклучок дека повеќе нема заедничка желба да работиме заедно по крајот на оваа сезона. Финансиите немаа никаква улога при носењето на одлуката“ – вели Германецот кој има 14 победи и 12 полпозиции во црвениот болид.

„Сакам да им се заблагодарам на сите во Ферари, особено на „тифозите“ ширум светот за поддршката која ми ја даваа изминативе години. Целта сега е да ја завршам ова сезона, се надевам со нови убави моменти“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе