Формула 1

Ферари пак подарува, Мерцедес го окупира првиот ред во Баку, Ботас пред Хамилтон!

Ферари уште еднаш потфрли кога е најважно, денеска во квалификациите во Баку, Шарл Леклер се заби во ѕидот а осамениот Себастијан Фетел не можеше да им парира на Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

Нов пех за младиот Шарл Леклер, откако возачот од Монако осана без победа во Бахреин поради проблем со болидот, денеска поради сопствена грешка не се вмеша во борбата за пол во Баку, и секако си ги намали шансите за триумф утре.

Младата ѕвезда на Ферари цел викенд беше најбрз во главниот град на Азербејџан, но се прецени во свиокот број 8 и се заби во ѕидот во вториот дел од квалификациите.

Па без многу простор за тимска игра во третиот и последен дел, Себастијан Фетел сам не можеше да им се спротивстави на возачите на Мерцедес, кои со помош на заветрина во последниот сектор и долгиот правец го окупираа првиот ред.

Од пол ќе стартува Валтери Ботас, кој постави нов рекорд во Баку со време од 1:40.495. Луис Хамилтон пак беше побавен за само 59 илјадитинки.

Покрај Себастијан Фетел во вториот ред ќе стартува Макс Верстапен, а одлични квалификации имаше и Серхио Перез, кој постави петто најдобро време, пред Даниел Квјат.

Потоа следуваат Ландо Норис, Антонио Џовинаци, Кими Раиконен и Шарл Леклер, за кого мала утеха е тоа што утре ќе стартува на потврдата компонентна на гуми и ќе може малку подолго да остане на патеката во однос на другите возачи од топ 10.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе