Формула 1

Ферари конечно триумфираше оваа сезона, Леклер се радува на прва победа!

Шарл Леклер се радува на прва победа во својата кариера, возачот од Монако беше најбрз во Спа и на Ферари му го донесе првиот триумф оваа сезона.

Перфектен викенд за Шарл Леклер во Спа, возачот од Монако беше најбрз на слободните тренинзи, синоќа беше недопирлив во квалификациите, а денеска извозе без грешка и се радува на прва победа во Формула 1 во својата кариер.

Тој денеска праткично водеше од прв до последен круг, не беше на чело само неколку кругови, и мина низ целта пред водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон. Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас. 

Себастијан Фетел мораше да се задоволи со позицијата број 4 и дополнителниот бод за најбрз круг. Германецот имаше проблеми со пневматиците, лесно беше претекнат од Луис Хамилтон, а пред да ја загуби позицијата и од Валтери Ботас, влезе по втор пат во бокс. 

Трагичар на ГН на Белгија е Ландо Норис, кој цела трка беше петти, но неговиот Мекларен откажа во претпоследниот круг. 

Алекс Алобон, кој од оваа трка вози за Ред Бул, на крај заврши како петти откако го помина Перез во последнито круг. Мексиканецот не се предаде лесно, Албон во еден момент возеше по трева, па овој дуел дополнително ќе биде под лупа на стјуардите.

Во бодови уште завршија Дани Квјат, Нико Хулкенберг, Пјер Гасли и Ленс Строл.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе