Формула 1

Ферари го изненади Мерцедес во квалификациите но пак ја оплеска во трката, Ботас победи во Сузука

Ферари го окупира првиот ред во квалификациите за ГН на Јапонија, но црвените болиди лошо стартуваа па Валтери Ботас стигна до победа во Сузука и се радуваше на прв триумф по шест месеци.

Поради тајфунот Хагибис, квалификациите во Сузука беа поместени во ист ден со трката, и утрово Ферари ги изненади ривалитеи и го запоседна првиот ред, Себастијан Фетел со рекорден круг стигна до пол позиција, а Шарл Леклер до второто место.

Но како и многу пати оваа сезона, тимот од Маранело ја оплеска во трката. Црвените болиди имаа ужасен старт, Валтери Ботас од третата позиција ги претекна веднаш и прв влезе во првиот свиок, а за маката да биде поголема, Леклер се судри со Верстапен и го оштети предното крило.

Финецот имаше одлично темпо, ривалите не можеа да го следат, па тој рутински стигна до победа на ГН на Јапонија и се радувашена прв триумф по шест месеци.

Себастијан Фетел мораше да се задоволи со финиш на второто место, а Луис Хамилтон со последното место на пиедесталот.

Ваквиот расплет на настаните значеше нова титула за Мерцедес како конструктор, односно шеста во низа со што го изендначи постигнувањето на Ферари од 1999 до 2004. Валтери Ботас ја намали предноста на Хамилтон, но Британецот има комотна позитива од 64 бода и веќе на следната трка во Мексико ќе има шанса и математички да ја осигура титулата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе