Шпанецот го наследи Фетел во црвениот болид

Ферари го има најмладиот двоец во последните 50 години, Саинц е нов член на Скудерија!

Ферари ја официјализираше соработката со Карлос Саинц, Шпанецот стави потпис на двегодишен договор и од 2021 ќе му биде тимски колега на Шарл Леклер.

Она што се најавуваше изминативе денови, сега и официјално е потврдено. Карлос Саинц е замената на Себастијан Фетел во Ферари.

Откако Германецот соопшти дека заминува од тимот од Маранело, медиумите силно почнаа да шпекулираат дека Карлос Саинц ќе седне зад воланот на црвениот болид, а тоа утрово го најави и Мекларен со ангажманот на Даниел Рикиардо.

Сега пристигна и потврда од Ферари, Карлос Саинц ќе му биде колега на Шарл Леклер па Скудерија ќе го има најмладиот двоец во последните 50 години.

„Многу сум среќен што ќе возам за Ферари во 2021, возбуден сум за мојата иднина во тимот. Сепак, пред мене е важна година во Мекларен и со нетрпение чекам да почнам повторно да се тркам со нив оваа сезона“ – изјави кратко 25 годишниот Карлос Саинц.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе