Формула 1

Ферари ги изненади конкурентите во Сингапур, Леклер до трета пол позиција во низа!

Шарл Леклер победи во квалификациите за ГН на Сингапур, младиот возач од Монако стигна до третата пол позиција во низа откако денеска беше подобар од Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Ферари ги изненади конкурентите во Сингапур. За разлика од претходните две трки во Спа и Монца каде до израз дојде нивниот моќен агрегат, се веруваше дека тесните улици и бавните свиоци ќе бидат проблем овој викенд.

Во петокот Ферари беше далеку зад Мерцедес и Ред Бул, но денеска тимот од Маранело беше тој кој диктираше темпо.

Себастијан Фетел со време од 1:36.437 се искачи на провизорната пол позиција по првите брзи  кругови но Германецот не можеше да го подобри ова постигнување кога по втор пат излезе на патеката.

Затоа пак тоа му појде од рака на Шарл Леклар, кој постави време од 1:36.217 за трета пол позиција во низа.

Возачите на Мерцедес направија многу грешки во првите брзи кругови, Луис Хамилтон успеа да се справи со притисокот и во второто излегување на патеката постави време од 1:36.408 кое беше доволно за прв ред и втора позиција, додека пак Валтери Ботас потфрли и ќе стартува како петти по слабиот круг од 1:37.146. 

Макс Вестапен имаше време само за четврта стартна позиција, а неговиот тимски колега Алекс Албон ќе стартува како шести.

Во најдобрите десет уште се најдоа и Карлос Саинц, Даниел Рикиардо, Нико Хулкенберг и Ландо Норис.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе