Формула 1

Ферари: Целиот концепт на новиот болид може да е погрешен

Ферари признаа дека може да е направена грешка во концептот на автомобилот за оваа сезона. 

Италијанскиот тим претстави подобрувања во аеродинамиката и моторот во изминатиот тркачки викенд во Шпанија, но тоа не ги спречи шампионите од Мерцедес да ги победат, а освен тоа, Макс Верстапен од Ред Бул исто така успеа да ги надмине Фетел и Леклер, откако така го одзеде третото место во генералниот пласман од Себ.

Шефот на „Скудерија", Матија Биното откри дека е започната истрага за суштината на проблемите во болидот и даде непријатна прогноза.

– Губиме доста во секој свиок – не само во последниот сектор, туку на секој свиок. Имаме многу податоци за анализа, од кои треба да се разбере што се случува. Не сакам да правам заклучоци се уште. Ни требаат неколку дена, за да разбереме дали проблемот беше во балансот, притисната сила или можеби во концептот на возилото. Не знам. Немаме одговор засега, прокоментира Италијанецот.

Надежите на Биното се брзо да се вратат во челото. Запрашан дали ќе биде трагедија, ако тимот дојде до заклучок дека концептот е виновен за резултатите, тој одговори: „Не мислам дека ќе биде трагедија. Често велам дека ние сме млад тим и се уште учиме. Ако проблемот е во концептот, очигледно ќе зависи каков точно е, но има работи кои можат да се подобрат во рамките на сезоната"

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе