Австралија Опен

Федерер во драмтичен меч со пет сета го совлада Милман и дојде до 100. победа на Австралија Опен!

Роџер Федерер одигра крајно неизвесен меч против Џон Милман кој го доби со 3-2 во сетови и ја оствари јубилејната 100. победа на Австралија опен. 

И пред мечот се прогнозираше дека Федерер ќе има тежок дуел против Милман, таквите предвидувања се остварија. Австралијанецот пропушти огромна шанса да го победи Роџер.
 
Ова беше 100. победа за Федерер на Австралија опен, неверојатен учинок на швајцарскиот тениски ас.
 
Милман одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6-4, во следниот се играше тајбрејк кој со убедливи 7-2 му припадна на Федерер за изедначување во сетови на 1-1.
 
Федерер го доби и следниот сет, овој пат со 6-4 и поведе со 2-1, со истиот резултат Милман го зема четвртиот сет и изедначи на 2-2.
 
Вистинската драма се случуваше во петтиот решавачки сет. При 1-1, Милман зема сервис на Федерер и поведе со 2-1, но Роџер веднаш направи рибрејк и го врати балансот во сетот. До крајот двајцата ги добија своите сервиси и победникот се решаваше во супер тајбрејк.
 
Во супер тајбрејкот кој се игра до 10, Милман имаше предност од 8-4, но Федерер доби дури шест поени по ред и победи со 10-8 уште еднаш покажувајќи ја својата големина.
Во осминафиналето Федерер ќе игра со Унгарецот Фучович кој убедливо со 3-0 го победи Томи Пол од САД.
 
Елиминација од Австралија Опен доживеа грчкиот тенисер Циципас кој со 3-0 загуби од Раониќ, Фоњини со 3-0 беше подобар од Пела.
 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе