АТП Мастерс Рим

Федерер спаси две меч топки против Чориќ и се пласираше во четвртфинале

Роџер Федерер го доби и вториот денешен меч, овој пат добро се испоти за да го совлада Борна Чориќ со 2-1 во сетови. 

Поради вчерашниот дожд, тенисерите денеска имаа по два меча на Мастерс турнирот во Рим. Федерер првиот го доби релативно лесно против Соуса со 6-4 и 6-3.
 
Чориќ имаше фуриозен старт против Федерер, поведе со 4-0, првиот сет го доби со 6-2.
 
Федерер се врати во вториот го доби со 6-4 и израмни на 1-1.
 
Во третиот решавачки тенисер и двајцата ги добија своите сервиси, па победникот на мечот се решаваше во тајбрејк. Чориќ поведе со 6-4, имаше две меч топки, но Федерер се крена, ги спаси меч топките и го доби тајбрејкот со 9-7.
 
Во четвртфиналето Федерер ќе игра со подобриот од мечот меѓу Циципас и Фоњини.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе