Швајцарецот се огласи по големиот успех на Шпанецот

Федерер со порака до Надал: Како мој најголем ривал, чест ми е што можам да ти ја честитам титулата број 20!

Роџер Федерер испрати порака до Рафаел Надал откако Шпанецот го изедначи неговиот рекорд од 20 грен-слем титули, Швајцарецот му честиташе на својот колега за големиот успех.

Рафаел Надал попладнево со моќно издание го совлада Новак Ѓоковиќ во Париз за титулата број 13 на Ролан Гарос, односно 20. грен-слем титула во кариерата, со што го изедначи рекордот на Роџер Федерер.

Па популарниот „Федекс“ се огласи на социјалните мрежи за да му честита на Шпанецот.

„Отсекогаш сум имал огрома почит за мојот пријател Рафа како личност и како шампион. Како мој најголем ривал низ годините, верувам дека се туркавме еден со друг да станеме подобри тенисери. Затоа, чест ми е што можам да му честитам за 20. грен-слем титула. Навистина неверојатно е тоа што имаш 13 титули на Ролан Гарос, ова е едно од најголемите достигнувања во тенисот. Сакам да испратам честитки и до неговиот тим, бидејќи никој не може сам да победи. Се надевам дека „дваесетката“ е само уште еден чекор во патувањето на двајцата, одлично Рафа, го заслужи ова“ – гласеше пораката на Швајцарецот.

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе