Легендарниот Швајцарец стави крај на кариерата

Федерер со големи емоции се збогува од тенисот, плачеа и Надал и Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Вчерашниот меч во двојки од Лејвер купот кој го играше заедно со Надал, беше последен во кариерата за Роџер Федерер, неговото збогување со тенисот ги трогна сите присутни на теренот кои искажаа големи емоции за легендарниот Швајцарец. 

Федерер и Надал по голема борба го загубија мечот од Сок и Тиафо (6-4, 6-7, 9-11), но тоа беше најалку битно. Синоќа се славеше легендарниот Роџер кој стави крај на тениската кариера.
 
Емоциите по мечот беа големи кај сите, плачеше Федерер, плачеше Надал, се расплака и Ѓоковиќ, а и дел од останатите тенисери.
 
„Не сум тажен, уживав. Присуството на другите играчи, на моето семејство и навивачите направи да не чувствувам голем стрес. Ги исполнив сите очекувања за последниот меч. На вакво испраќање се надевав. Да играш со Рафа во ист тим и да бидеш опкружен со толку добри тенисери и пријатели е прекрасно. Тенисот може да биде спорт на самотија, но јас денеска не чувствував дека сум сам. Ви благодарам на сите“, изјави Федерер.
 
„Кога почнував да играм тенис никогаш не се надевав дека ќе стигнам до тука. Едноставно се радував што играм тенис, но испадна едно неверојатно патешествие кое би го повторил одново. Сопругата можеше да ме запре одамна, но продолжи да ми дава подршка и ми дозволи да играм, затоа ѝ благодарам“.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе