Мерцедес Куп

Федерер се врати со победа, совладан Зверев во Штутгарт

Роџер Федерер имаше успешно враќање на терените, Швајцарецот попладнево го победи Миша Зверев со 2-1 во сетови во второто коло на Мерцедес Куп

Откако ја прескокна сезоната на земја за да биде максимално подготвен за вториот дел од сезоната и особено Вимблдон, Роџер Федерер попладнево имаше успешно враќање на терените.

Швајцарецот славше со 2-1 над Миша Зверев во Штутгарт и покрај тоа што не го започна најдобро мечот. Германецот го доби првиот сет со 3-6, но популарниот Федекс не дозволи изненадување, вториот сет го реши во своја корист со 6-4, а разликата во квалитет ја демонстрираше во последниот сет, влезе во ритам, зема два сервиса на противникот и го доби со 6-2.

Следен противник ќе му биде подобриот од Гидо Пела и Праџнеш Гунесваран.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе