Тениско „Ел Класико“

Федерер против Надал во полуфиналето на Индијан Велс

Роџер Федерер и Рафаел Надал по 39. пат ќе играат еден против друг, овој пат на мастерс турнирот во Индијан Велс. 

И двајцата ги добија своите противници во четвртфиналето со по 2-0 во сетови, но не беше така едноставно, особено за Рафаел Надал.
 
Федерер го победи Хуберт Хуркач од Полска со 6-4 и 6-4, додека Надал го совлада Русинот Карин Качанов со 7-6 и 7-6.
 
И двете легенди на светскиот тенис не изгубија сет од почетокот на турнирот. Тие не се сретнале на теренот во последниве 16 месеци, а актулениот баланс помеѓу двајцата е 23:15 во корист на Шпанецот.
 
Во другиот полуфинален меч ќе играат Милош Раониќ и Доминик Тим. 

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе