Нова тениска класика

Федерер против Ѓоковиќ во финалето во Синсинати

Новак Ѓоковиќ ќе мора да го победи Роџер Федерер за да дојде до единствената титула која му недостасува од мастерс серијата.

Гофан го предаде мечот со Федерер. Првиот сет го доби Швајцарецот во тајбрејк, во вториот при резултат 1-1, белгискиот тенисер се откажа поради повреда.
 
Претходно Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови, 6-4, 3-6 и 6-3 го победи Марин Чилиќ.
 
За Федерер ова ќе биде осмо финале во Синсинати, претходно ги добил сите седум. Од тие седум финалиња три пати играл со Ѓоковиќ и секогаш победувал.
 
Мастерсот во Синсинати е единствениот кој му недостасува на Ѓоковиќ, Србинот вечерва треба да ја прекине негативната серија за да дојде до посакуваниот трофеј.
 
Мечот почнува од 22 часот.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе