РОДИТЕЛСКАТА ГРИЖА Е ПОТЕШКА ОД ТЕНИСОТ

Федерер: Полесно е да се биде тенисер отколку родител

Тенисерот кој освои 17 грен слем титули и забележа околу 1.080 победи на АТП турнирите, вели дека во животот има потешки работи отколку неговата работа.

Според многумина Роџер Федерер е најдобриот тенисер на сите времиња, но Швајцарецот вели дека има и потешки работи во животот од тенисот.
 
„Без сомнение полесно е да се игра тенис отколку да се биде родител! Тоа е тешка работа, но и убава во исто време. Тоа ми е школа на животот која ја учам и во која децата секој ден ми покажуваат нешто ново“ - вели Федерер.
 
Роџер Федерер со сопругата Мирка имаат два пара близнаци. Најпрво во април 2009 ги добија ќерките Мила Роуз и Шарлен Рива. А во 2014 синовите Лео и Ленарт.
 
Федерер важи за еден од најкултурните спортисти, внимава на своето однесување во јавноста и речиси да не може да се поврзе со некој инцидент. Од негативните карактеристики кои може да се слушнат за него е само тоа дека е „ладен“.
 
„Морав да созреам и научив да се однесувам како што доликува, цивилизирано. Имав среќа да бидам опкружен со добри луѓе околу мене“.
 
„Кога тргнав да освојувам трофеи, пред се грен слем титули, веќе бев доволно зрел за славата да не ме однесе на погрешен пат. Инаку, сигурно би го загубил разумот“.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе