АТП мастерс Лондон

Федерер никогаш не губи на вториот меч во Лондон, Швајцарецот ги задржа шансите за полуфинале

Роџер Федерер ја забележа првата победа на АТП мастерсот во Лондон, Швајцарецот попладнево со 2-0 во сетови ја доби пресметката со Матео Беретини.

Популарниот Федекс го отвори завршниот турнир со пораз од Доменик Тим и денеска мораше да слави за да ги задржи шансите за полуфинале. Тој до сега никогаш не загубил на вториот меч во Лондон и убавата традиција продолжи откако Роџер Федерер со 2-0 (7-6, 6-3) во сетови го совлата Матео Беретини.

Првиот сет беше изедначен, двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис, па се играше тај брејк каде Швајцарецот доминираше и беше подобар со 7-2.

Вториот сет започна со брејк на Роџер Федерер, Матео Беретини не можеше да парира, Италијанецот на крајот загуби уште еден сервис за 6-3 и победа на рекетот број 3.

Во последното коло од групната фаза, Роџер Федерер ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ, и за прогрес во финалето (во зависност од другите резултати) можно е да му треба победа против Србинот.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе