Вимблдон

Федерер ја доби мега пресметката со Надал и закажа финале со Ѓоковиќ

Тениската класика меѓу Федерер и Надал му припадна на Швајцарецот, двете легенди имаа уште една епска битка која овој пат заврши во полза на Роџер кој во финалето ќе игра против Новак Ѓоковиќ.

Федерер е кралот на Вимблдон, по 12. пат ќе игра во големото финале на овој грен слем турнир откако денеска беше подобар од Рафаел Надал.
 
Двајцата искусни тенисери одиграа уште еден фантастичен меч покажувајќи дека годините не се многу важни. На крајот Федерер се радуваше на победата.
 
Првиот сет се решаваше во тајбрејк, а во него Федерер беше подобар со 7-3. Во вториот Надал беше фуриозен добивајќи го со 6-1. Во тие моменти се чинеше дека Шпанецот го има мечот во свои раце, но не беше така.
 
Третиот сет Федерер го доби со 6-3 и го врати водството, четвртиот го зема со 6-4 и го доби мечот со 3-1 во сетови.
 
Федерер во големото финале ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој претходно со 3-1 во сетови го совлада Баутиста Агут.
 
Во недела не очекува уште една тениска класика, овој пат меѓу Федерер и Ѓоковиќ, тоа ќе биде идеална завршница на Вимблдон.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе