Завршен АТП Мастерс турнир во Лондон

Федерер го победи и Зверев и се пласира во полуфиналето во Лондон

Со фуриозна игра во третиот сет Федерер со 2-1 го победи Александер Зверев и на коло пред крајот на групната фаза обезбеди пласман меѓу четирите најдобри во Лондон.

Во првиот сет ниту еден од двајцата тенисери не загубија свој сервис, па тајбрејкот го решаваше победникот. Во него Федерер беше подобар со 8-6.
 
Вториот сет тргна со брејк за Федерер, но во продолжението Швајцарецот загуби два свои сервиси и му дозволи на Зверев да изедначи со 7-5.
 
Во третиот решавачки сет, Федерер ја покажа сета своја моќ и со убедливи 6-1 го заврши мечот обезбедувајќи пласман во полуфиналето.
 
Во првиот меч денес Сок со 2-1 во сетови го победи Чилиќ. Американецот во четврток во директен дуел со Зверев ќе одлучува за второто место во групата кое исто така носи пласман во полуфиналето.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе