АТП финале Лондон

Федерер го елиминираше Ѓоковиќ и му помогна на Надал да испише историја

Роџер Федерер со 2-0 во сетови го победи Новак Ѓоковиќ во третото коло на завршниот турнир во Лондон и обезбеди пласман во полуфиналето, Србинот е елиминиран, а на овој резултат се израдува и Рафаел Надал. 

Роџер Федерер ја доби мега пресметката против Новак Ѓоковиќ во О2 арената во Лондон и се пласираше меѓу четирите најдобри на АТП финалето.
 
Федерер релативно лесно дојде до победата, во првиот сет му зема еден брејк на Ѓоковиќ, во вториот два и победи со 6-4 и 6-3.
 
На победата на Федерер се израдува и Надал бидејќи елиминацијата на Новак Ѓоковиќ значи дека шпанскиот тенисер ќе остане број еден на АТП листата до крајот на оваа година.
 
Надал испиша и историја, стана најстариот тенисер кој ја завршува годината на првото место на АТП.
 
Покрај Федерер, од групата Б во полуфиналето оди и Доминик Тим.
 
Утре се играат мечевите од А групата, Циципас - Медведев и Надал - Зверев по што ќе бидат познати полуфиналните двојки.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе