Богатите спортисти донираат

Федерер донираше еден милион франци за борбата на Швајцарија со коронавирусот

Големиот тениски ас, Роџерер Федерер со донација од милион франци ја помага својата земја во борбата против коронавирусот, тој донираше на загрозените фамилии кои имаат финансиски проблеми поради актуелната ситуација. 

Богатите спортисти со големи парични донации го даваат својот доприност во борбата против коронавирусот.
 
Федерер преку соопштение потврди дека одвоил милион франци кои ги донира на загрозените луѓе во својата земја.
 
„Ова е предизвикувачки период за сите нас и никој не смее да остане настрана. Мирка и јас лично одлучивме да донираме еден милион швајцарски франци за најзагрозените фамилии во Швајцарија. Овој наш допринос е само старт. Се надеваме дека и другите ќе ни се приклучат и ќе поддржат повеќе фамилии на кои им е потребно. Заедно можеме да ја пребродиме оваа криза! Останете здрави!“, напиша Федерер на социјалните мрежи.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе